Александар Солженицин

Александар Исаевич Солженицин — (руски: Александр Исаевич Солженицын, 11 декември 1918 - 3 август 2008) — руски писател и нобеловец.

Солженицин во 1998 г.
Солженицин во домот на писателот Хајнрих Бел во Келн (1974)

Животопис уреди

Солженицин бил потомок на земјопоседници, засегнати од експропорцијата по Октомвриската револуција. Во 1941 година завршил математика на универзитетот во Ростов. Во февруари 1945 година бил уапсен за антисоветска пропаганда и осуден на осум години затвор и прогонство во Сибир. Во 1957 година бил рехабилитиран.

Творештво уреди

Во 1962 година во списанието „Нови мир“ излегла повеста на Солженицин „Еден ден во животот на Иван Денисович“, во која низ погледот на еден затвореник се раскажува за безмилосниот живот во прогонство. Во своите подоцнежни раскази Солженицин го разобличувал сталинизмот - „Случајот на станицата Кречетовка“ (1963), „Во интерес на каузата“ (1963) и ги поддржувал христијанските и неотолстојските вредности (повеста „Куќата на Матренин“ од 1963 година). Откако во 1967 година испратил до Конгресот на писателите отворено писмо во кое се изјаснил против цензурата, неговите дела биле забранети и се објавувале само во странство: романите „Во првиот круг“ (1968) и „Одделение за рак“ (1968). Тоа се дела што го осудувале авторитарниот режим на Јосиф Сталин и системот на социјализмот. Во 1969 година Солженицин бил исклучен од Сојузот на писателите на СССР.
Во 1971, Солженицин го објавил романот „Август 1914“ година - прв дел од големиот циклус романи за Руската револуција, напишан со намера да се реставрира развојот на националната историја, што Солежницин ја сметал за фалсификувана. Во 1973 година, КГБ го запленил ракописот на романот „Архипелагот ГУЛАГ“, но копијата излегла од печат во Париз во декември 1973. Во февруари 1974 година, Солежницин бил уапсен, обвинет за државно предавство, лишен од советското државјанство и на 13 февруари бил прогонет во странство. Во текот на две години живеел во Цирих, а од 1976 година живеел во САД, каде ги објавил делата „Предупредување кон Запад“ (1980), „Исток и Запад“ (1980) и други. Во Русија се вратил по расформирањето на СССР.[1]

Наводи уреди

  1. Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2009.