Алба (романски: Judeţul Alba, унгарски: Fehér megye) е округ во Романија, сместен во средишниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Алба Јулија, а значајни градови се и градовите Ајуд, Блаж и Себеш.

Округ Алба
Alba
Грб
Местоположба на округот Алба во Романија
 
Покраина Трансилванија
Седиште Алба Јулија
Население 382.747 (2002)
Површина 6.242 km2
Густина на населеност 61/km2
ISO 3166-2 шифра RO-AB
Мрежно место www.cjalba.ro

Географија уреди

Местоположба уреди

 
Главниот град Алба Јулија

Округот Алба е копнен округ, кој се граничи:

Релјеф уреди

Округот е дел од историската покраина Трансилванија. Во западниот дел се простира планината Бихор, а во јужниот Карпатите, деоека во средишниот дел на округот се простира плодната долина Мориш.

Демографија уреди

Алба спаѓа во групата на окрузи, во кои живее претежно романско население. Според пописот во 2002 година, структурата на населението била следната:

Бројот на населението во округот по временски периоди е претставен во следната табела:

Година Население[2]
1948 361,062
1956 370,800
1966 382,786
1977 409,634
1992 413,919
2002 382,747

Стопанство уреди

Главни индустриски гранки во округот се:

Минерални ресурси уреди

Округот Алба е богат со минерални ресурси. Најобилни метали се златото, среброто и бакарот. Освен тоа од округот се исцрпува и сол, а се користат и градежни материјали како мермер и гранит.

Административна поделба уреди

Округот е поделен на 4 општини, 7 градови и 68 комуни.

Наводи уреди

  1. Државен завод за статистика, "Populaţia după etnie" Архивирано на 16 август 2009 г.
  2. Државен завод за статистика, "Populaţia la recensămintele din anii 1948, 1956, 1966, 1977, 1992 şi 2002" Архивирано на 22 септември 2006 г.

Надворешни врски уреди