Џелалудин Мухамед Акбар попознат како Акбар Велики (Умаркот, Синд, 15 август 1542 - Агра 16 август 1605) бил владетел на Могулското Царство од 1556 година. Познат е како еден од најголемите и најзначајните владетели на Индија во историјата. Роден е во Иран како бегалец, а на престолот доаѓа како законит наследник на неговиот татко Хумајун на 13 годишна возраст. Тоа е единствениот случај во историјата на могулската династија некој да дојде на власт без војна или крвопролевање.
Неговиот постар брат Мухамед Хаким не се противел на именувањето на Акбар за владетел. Тој е единствениот владетел кој бил потполно неписмен, но имал голема желба за знаење и волја за учење. Иако бил неписмен, "прочитал" стотина свети свитоци и учени текстови така што истите му ги читале неговите дворјани.
На почетокот на своето владеење, до полнолеството државните работи во негово име ги водел Бахрам Кан. Потполно посветен и значително умен и интелигентен човек. Кога Акбар наполнил 18 години, Бахрам Кан се повлекол од јавниот и политички живот а на негово место главното влијание на владетелот го имале неговата дадилка, Махрам Анга. По 1562 година, Акбар владеел потполно самостојно.
Ја зацврстил власта на могулската династија, ја обединил Индија и со многу успешни војни ги проширил границите на државата, кршејќи го отпорот на локалните господари. Со многуте реформи ја зацврстил средишната власт, со поддршка на научници и уметници. Иако бил муслиман, им дозволил на сите слобода на вероисповед и се спротивставувал на верскиот фанатизам. Во обид да се помират хиндусите и муслиманите создал синкретична религија (dīn-i-ilāhī) во која тој бил врховен владетел. Мавзолејот му е изграден 1612.-13. во Сикандер кај Агра.

Акбар Велики
Акбар Велики
трет Могулски цар на Индија
На престол27 јануари 1556 - 25 октомври 1605
(&1000000000000004900000049 години и &10000000000000275000000275 дена)
Крунисување14 февруари 1556, близу Каланаур, Гурдаспур
ПретходникХумајун
НаследникЏахангир
РегентБајрам Кан (1556-1561)
Роден(а)14 октомври 1542(1542-10-14)
Умаркот, Синд
Починал(а)27 октомври 1605(1605-10-27) (возр. 63)
Фатепур Сикри, Агра
Почивалиште
Сопружници36 жени вклучувајчи ја и Маријам-уз-Замани
ДецаЏаханџир, Мурат, Данјал, 6 други ќерки
Полно име
Абу 'л-Фат Џалал уд-дин Мухамед Акбар I
ДинастијаТимурид
ДинастијаМогулско Царство
ТаткоХумајун
МајкаХамида Бану Бегум
ВероисповедДин-и-Илахи
Акбар Велики
Роден(а): 14 октомври 1542 Починал(а): 27 октомври 1605
Владејачки титули
Претходник
Хумајун
Могулски цар
1556–1605
Наследник
Џаханџир
  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име South.