Аеродром Франкфурт

Аеродромот Франкфурт на Мајна (IATA: FRAICAO: EDDF), обично познат како Аеродром Франкфурт и познат на германски како Flughafen Frankfurt am Main или Rhein-Main-Flughafen, е голем меѓународен аеродром во близина на Франкфурт, Германија.

Аеродром Франкфурт

Flughafen Frankfurt am Main
Аеродромот Франкфурт од воздух (2010)
Општо
Аеродромски видЈавен
Сопственик/ОператорFraport
МестоположбаФранкфурт, Хесен, Германија
Јазол за
Надм. височина364 ст / 111 м
Мрежно местоwww.frankfurt-airport.com
Писта
Правец Должина Површина
м ст
07R/25L 4,000 13,123 асфалт
07C/25C 4,000 13,123 асфалт
18A 4,000 13,123 бетон
07L/25RB 2,800 9,240 бетон
Статистика (2011)
Патници56,440,000
Промена на патници 10-11 12,2%
Движење на воздухоплови487,162
Промена на движења 10-11 4,9%
Извори: Патнички сообраќај & движењеа - Fraport[1]
Германски AIP на EUROCONTROL[2]

A:^ Спротивниот крај на пистата 18, која би можела да биде обележана како писта 36, не се користи.[3] Пистата 18 се користи само за полетувања.

B: ^ Пистата 07L/25R се користи само за слетувања.


Аеродром Франкфурт

Раководен од сообраќајната компанија Fraport, аеродромот Франкфурт е далеку најпрометниот аеродром по патнички сообраќај во Германија, трет најпрометен во Европа (зад Хитроу и Шарл де Гол) и деветти најпрометен во светот во 2011. Патничкиот сообраќај на аеродромот Франкфурт во 2011 бил 56,4 милиони. До зимата 2011/12, аеродромот Франкфурт опслужуваше најмногу меѓународни одредишта во светот, дури 275 одредишта во 111 земји.[3] Со товар од 2,17 милиони тони во 2011[1], тој е најпрометен аеродром во Европа во поглед на товарниот сообраќај. Јужниот дел на аеродромот бил дом на воената база Рајна-Мајна, која била главна воена основа за САД од 1947 до 2005, кога воената база била затворена и имотот откупен од Fraport.

Аеродромот Франкфурт е главниот јазол на Lufthansa, германскиот национален авиопревозник и Condor Flugdienst. Поради ограничувањата на капацитетот во Франкфурт, Lufthansa основала втор јазол на аеродромот во Минхен, каде се присутни многу клучни летови на средни и долги релации.

Аеродромот бил прошируван повеќепати од неговото отворање во 1936 и денес има два големи терминала (Терминал 1 и Терминал 2), со капацитет од околу 65 милиони патници годишно и четири писти. Во изминативе години биле преземени големи градежни зафати со цел аеродромот да биде во можност да го прифати авионот Ербас А380, вклучувајќи голем објект за одржување на авионот, бидејќи флотата на авиони од овој тип на Lufthansa е сместена на аеродромот во Франкфурт. На 20 октомври 2011 била пуштена во употреба четвртата писта, која ќе му овозможи на аеродромот да ја задоволи очекувана побарувачка на околу 700.000 движење на воздухоплови во 2020. За справување со очекуваниот број на патници од околу 90 милиони во 2020, на 10 октомври 2012 во близина на терминалот 1 бил отворен нов негов дел за дополнителни шест милиони патници, додека големиот трет терминал за 25 милиони патници се очекува да биде отворен во 2013.

Транспорт до аеродромот уреди

 
Железничката станица на аеродромот

Јавен превоз уреди

Пстојат две железнички станици на аеродромот во Франкфурт, една за локален сообраќај и една за меѓуградски сообраќај. На железничката станица на терминалот број 1 пристигаат возовите со број Ѕ8 и Ѕ9 на секои 15 минути. Патувањето до главната железничка станица трае 11 минути а до центарот на Франкфурт трае 15 минути.

Историја уреди

Аеродромот Рајна - Мајна е отворен во 1936 година, и во тоа време бил втор најголем аеродром во Германија, после аеродромот Темпелхоф во Берлин. Плановите за нов аеродром во околината на Франкфурт постоеја од некаде 1930 година. За време на втората светска војна, аеродромот се користеше и во воени цели. После војната служеше и како главна основа на Американските воздушни сили во западна Германија. Германската национална авиокомпанија Луфтханза започна со летови од аеродромот во 1955 година. Аеродромот не се преточи во вистински меѓународен аеродром сè до 1972, кога новиот терминал (сегашен Терминал 1) беше отворен. Во 1962 година беше отворен уште поголем терминал (терминал Mitte), преку кој се планираше да се опслужуват преку 30 милиони патници.

Структура на терминалите уреди

 
Аеродромот во Франккурт гледан од исток

Аеродромот во Франкфурт има два терминала кои се меѓусебно поврзани.

Терминал 1 уреди

Терминалот 1 е отворен 1973 година и е познат како терминал Mitte. Терминалот е поделен на три нивоа, нивото за заминување е најгоре, во средина е нивото за пристигање како и прибирање на багаж. На најдолното ниво е мултифункционален паркинг како и железничка и автобуска станица. Постојат три оддели кои се поделени меѓу авиокомпаниите во овој редослед:

Оддел 1 уреди
 
Аеродром Франкфурт

Одделот 1 е на две нивоа, со порти нумерирани од А51 до А65 позиционирани директно над портите нумерирани од А08 до А42.

 
Терминал 1
Оддел 2 уреди
Оддел 3 уреди

Терминал 2 уреди

 
Терминал 2

Терминал 2 е отворен во 1994 година. Дизајнот е заснован на основа на железничка станица и е подделен во два оддела.

Оддел 1 уреди

Оддел 2 уреди

 
Терминал 2, Skytrain

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Повеќе од 56 милиони патници на аеродромот Франкфурт во 2011“. Fraport.com. 13 јануари 2012. Посетено на 19 јануари 2012.[мртва врска]
  2. „EAD Basic“. Ead.eurocontrol.int. Посетено на 2012-01-19.
  3. 3,0 3,1 „Figures“. Fraport.de. 2012-01-13. Архивирано од изворникот на 2011-05-24. Посетено на 2012-01-19. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „FRAPORT“ е зададен повеќепати со различна содржина.