Административна поделба на Македонија

Административната поделба на Македонија ги опфаќа административните едници од кои е составена државата. Таа ги опфаќа општините, но тука се вбројуваат и регионите кои имаат статистички цели. Исто така оваа статија ги опфаќа административните поделби на Народна Република Македонија и Социјалистичка Република Македонија, каде имало и околии. Денес, единици на локалната самоуправа во Македонија се општините и Градот Скопје како посебна административна единица.

Општини уреди

 
Општините во Македонија.

Општините ги опфаќаат населените места кои влегуваат во нивен состав, утврдени со закон. Граница на општина се границите на катастарските општини на населените места во нејзиниот состав, во делот што се граничат со соседните општини или се поклопуваат со државната граница на Република Македонија. Секоја општина има име и седиште на општината. Седиштето на општината е во едно од населените места кои се во нејзин состав. Актуелните општини се утврдени во 2004 година.

Град Скопје

Подрачје на Градот Скопје претставува градското подрачје утврдено со закон. Граница на градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа, се границите на општините во градот Скопје во делот што се граничат со соседните општини или се поклопуваат со државната граница на Република Македонија. Седиштето на општините во градот Скопје е во градот Скопје.

Општини
Грб Општина HASC[1] ISO 3166-2:MK Седиште на општината Површина
(км2)[2]
Население
(2002)
Регион Општински службени јазици[1]
  Аеродром[3] MK.AD MK-01 Јане Сандански (населба) 21,85 72.009 Скопски македонски
  Арачиново MK.AR MK-02 Арачиново 38 11.597 Скопски македонски
албански
  Берово MK.BR MK-03 Берово 597 13.941 Источен македонски
  Битола MK.TL MK-04 Битола 790 95.385 Пелагониски македонски
  Богданци MK.BG MK-05 Богданци 114 8.707 Југоисточен македонски
  Боговиње MK.VJ MK-06 Боговиње 141 28.997 Полошки македонски
албански
  Босилово MK.BS MK-07 Босилово 143 14.260 Југоисточен македонски
  Брвеница MK.BN MK-08 Брвеница 164 15.855 Полошки македонски
албански
  Бутел[4] MK.BU MK-09 Бутел (населба) 60,79 36.154 Скопски македонски
албански
  Валандово MK.VA MK-10 Валандово 331 11.890 Југоисточен македонски
  Василево MK.VL MK-11 Василево 231 12.122 Југоисточен македонски
  Вевчани MK.VV MK-12 Вевчани 35 2.433 Југозападен македонски
  Велес MK.VE MK-13 Велес 518 55.108 Вардарски македонски
  Виница MK.NI MK-14 Виница 432 19.938 Источен македонски
  Врапчиште MK.VH MK-16 Врапчиште 157 25.399 Полошки македонски
албански
турски
  Гази Баба[5] MK.GB MK-17 Гази Баба (населба) 92 72.617 Скопски македонски
  Гевгелија MK.GV MK-18 Гевгелија 484 22.988 Југоисточен македонски
  Гостивар MK.GT MK-19 Гостивар 375 81.042 Полошки македонски
албански
турски
  Градско MK.GR MK-20 Градско 291 3.760 Вардарски македонски
  Дебар MK.DB MK-21 Дебар 85 19.542 Југозападен македонски
албански
  Дебрца MK.DA MK-22 Белчишта 423 5.507 Југозападен македонски
  Делчево MK.DL MK-23 Делчево 423 17.505 Источен македонски
  Демир Капија MK.DK MK-24 Демир Капија 312 4.545 Вардарски македонски
  Демир Хисар MK.DM MK-25 Демир Хисар 480 9.497 Пелагониски македонски
  Дојран MK.SD MK-26 Стар Дојран 129 3.426 Југоисточен македонски
  Долнени MK.DE MK-27 Долнени 418 13.568 Пелагониски македонски
албански
  Ѓорче Петров[6] MK.GP MK-29 Ѓорче Петров (населба) 63 41.634 Скопски македонски
  Желино MK.ZE MK-30 Желино 201 24.390 Полошки македонски
албански
  Зелениково MK.ZK MK-32 Зелениково 177 4.077 Скопски македонски
албански
  Зрновци MK.ZR MK-33 Зрновци 52 3.264 Источен македонски
  Илинден MK.IL MK-34 Илинден (населба) 97 15.894 Скопски македонски
  Јегуновце MK.JG MK-35 Јегуновце 174 10.790 Полошки македонски
албански
  Кавадарци MK.AV MK-36 Кавадарци 998 38.741 Вардарски македонски
  Карбинци MK.KB MK-37 Карбинци 231 4.012 Источен македонски
  Карпош[7] MK.KX MK-38 Карпош (населби) 21 59.666 Скопски македонски
  Кисела Вода[8] MK.VD MK-39 Кисела Вода (населба) 43 57.236 Скопски македонски
  Кичево MK.KH MK-40 Кичево 838 56.734 Југозападен македонски
албански
  Конче MK.KN MK-41 Конче 233 3.536 Југоисточен македонски
  Кочани MK.OC MK-42 Кочани 357 38.092 Источен македонски
  Кратово MK.KY MK-43 Кратово 375 10.441 Североисточен македонски
  Крива Паланка MK.KZ MK-44 Крива Паланка 482 20.820 Североисточен македонски
  Кривогаштани MK.KG MK-45 Кривогаштани 88 6.150 Пелагониски македонски
  Крушево MK.KS MK-46 Крушево 190 9.684 Пелагониски македонски
албански
влашки
  Куманово MK.UM MK-47 Куманово 432 105.484 Североисточен македонски
албански
  Липково MK.LI MK-48 Липково 270 27.058 Североисточен македонски
албански
  Лозово MK.LO MK-49 Лозово 166 2.858 Вардарски македонски
  Маврово и Ростуше MK.MR MK-50 Ростуше 856 8.618 Полошки македонски
турски
  Македонска Каменица MK.MK MK-51 Македонска Каменица 189 8.110 Источен македонски
  Македонски Брод MK.MD MK-52 Македонски Брод 875 7.141 Југозападен македонски
  Могила MK.MG MK-53 Могила 255 6.710 Пелагониски македонски
  Неготино MK.NG MK-54 Неготино 414 19.212 Вардарски македонски
  Новаци MK.NV MK-55 Новаци 755 3.549 Пелагониски македонски
  Ново Село MK.NS MK-56 Ново Село 257 11.567 Југоисточен македонски
  Охрид MK.OD MK-58 Охрид 392 55.749 Југозападен македонски
  Петровец MK.PE MK-59 Петровец 222 8.255 Скопски македонски
албански
  Пехчево MK.PH MK-60 Пехчево 208 5.517 Источен македонски
  Пласница MK.PN MK-61 Пласница 54 4.545 Југозападен македонски
турски
  Прилеп MK.PP MK-62 Прилеп 1.198 76.768 Пелагониски македонски
  Пробиштип MK.PT MK-63 Пробиштип 326 16.193 Источен македонски
  Радовиш MK.RV MK-64 Радовиш 502 28.244 Југоисточен македонски
  Ранковце MK.RN MK-65 Ранковце 240 4.144 Североисточен македонски
  Ресен MK.RE MK-66 Ресен 549 16.825 Пелагониски македонски
  Росоман MK.RM MK-67 Росоман 133 4.141 Вардарски македонски
  Сарај[9] MK.AJ MK-68 Сарај (населба) 230 35.408 Скопски македонски
албански
  Свети Николе MK.SL MK-69 Свети Николе 483 18.497 Вардарски македонски
  Сопиште MK.SS MK-70 Сопиште 223 5.656 Скопски македонски
албански
  Старо Нагоричане MK.NA MK-71 Старо Нагоричане 515 4.840 Североисточен македонски
српски
  Струга MK.UG MK-72 Струга 469 63.376 Југозападен македонски
албански
  Струмица MK.RU MK-73 Струмица 311 54.676 Југоисточен македонски
  Студеничани MK.SU MK-74 Студеничани 276 17.246 Скопски македонски
албански
  Теарце MK.TR MK-75 Теарце 137 22.454 Полошки македонски
албански
  Тетово MK.ET MK-76 Тетово 262 86.580 Полошки македонски
албански
Центар[10] MK.CE MK-77 Центар (населба) 9 45.412 Скопски македонски
  Центар Жупа MK.CZ MK-78 Центар Жупа 107 6.519 Југозападен македонски
турски
  Чаир[11] MK.CI MK-79 Чаир (населба) 53 64.773 Скопски македонски
албански
  Чашка MK.CA MK-80 Чашка 727 7.673 Вардарски македонски
албански
  Чешиново-Облешево MK.CH MK-81 Облешево 133 7.490 Источен македонски
  Чучер-Сандево MK.CS MK-82 Чучер-Сандево 215 8.493 Скопски македонски
албански
српски
  Штип MK.ST MK-83 Штип 583 47.796 Источен македонски
  Шуто Оризари[12] MK.SO MK-84 Шуто Оризари (населба) 6 22.017 Скопски македонски
ромски

Во март 2013 кон Кичево се припоиле следниве општини (горните податоци за Кичево се со вкупните податоци за сите пет поранешни општини):

Грб Општина HASC[13] ISO 3166-2:MK Седиште на општината Површина
(км2)[14]
Население
(2002)
Регион Општински службени јазици
  Вранештица MK.VC MK-15 Вранештица 109 1.322 Југозападен македонски
турски
  Другово MK.DR MK-28 Другово 383 3.249 Југозападен македонски
  Зајас MK.ZA MK-31 Зајас 161 11.605 Југозападен македонски
албански
  Осломеј MK.OS MK-57 Осломеј 137 10.420 Југозападен македонски
албански

Статистички региони уреди

Регионите на Македонија се усвоени во Собранието на Македонија на 29 септември 2009 година. Официјално, Македонија е поделена на осум плански региони, кои служат за статистички, економски и административни цели. Покрај регионите, првостепена административна поделба на Македонија се општините.

регион население (2012) густина на км2
  Вардарски 153.659 38,0
  Источен 178.814 50,6
  Југозападен 220.840 66,1
  Југоисточен 173.187 63,2
  Пелагониски 232.959 49,4
  Полошки 317.003 131,2
  Североисточен 175.442 75,9
  Скопски 609.140 336,0

 
Регионите на Македонија.

Најголем регион по површина е пелагонискиот, кој има и најмногу населени места, околу 343, но се одликува со мала густина на населеност од 50 жители на километар квадратен, додека најмалиот регион, скопскиот има изразито густа населеност од 319 жители на километар квадратен и апсорбира повеќе од една четвртина од вкупното население во Македонија. Руралните општини се доста застапени речиси во сите региони, меѓутоа најголем дел од населението живее во поголемите урбани центри, што упатува на нерамномерна концентрација на населението внатре во регионите.

Населени места уреди

Населеното место може да биде во состав само на една општина. Под поимот населени места се подразбираат градовите, селата и населбите. Секое населено место има име. На подрачјето на една општина, две или повеќе населени места, по правило, не можат да имаат исто име. Населеното место и неговата катастарска општина можат да бидат во состав само на една општина. Имињата на општините и населените места се утврдуваат со закон и можат да се изменат само со закон.

Град уреди

Град, во смисла на административната поделба на Република Македонија, согласно закон, е населено место кое има повеќе од 3.000 жители; има развиена структура на дејности, а над 51% од вработените се вон примарните дејности; има изградена урбана физиономија со зони за домување, стопанство, рекреација и јавно зеленило, плоштад, изграден систем на улици и комунални служби и претставува функционално средиште на населените места во опкружувањето. Граница на град, како се утврдува со генерален урбанистички план.

Село уреди

Село, во смисла на административната поделба на Република Македонија, согласно закон, е населено место со еднофункционално значење во кое преовладува една дејност, а атарот е со аграрна физиономија и функција. Граница на село, како населено место, се утврдува со урбанистички план за населеното место.

Историја уреди

 
Решение за поделба на Македонија по области, односно на: Скопска, Битолска и Штипска област. Шеста седница на Президиумот на АСНОМ (21.10.1944)
 
Бројност на жители во Македонија по региони. (11.01.1945)

1944 уреди

Македонија е поделена на следните четири области: Скопска, Битолска, Штипска и Кичевско-дебарска (укината некој месец подоцна). Областите натака се делат на околии и општини.

1945 уреди

Македонија е поделена на 7 окрузи. Секој округ е поделен на околии.

1947 - 1950 уреди

Народна Република Македонија била поделена на: подрачја градови и подрачја на административни околии. Околиите се поделени на градски народни одбори и реонски народни одбори.

1950 - 1952 уреди

Административно-територијалните единици на подрачјето на Народна Република Македонија се: околии, градови, градски реони и места (подрачја на градски и месни народни одбори).

Скопје

Скопје е посебна административна единица, поделен на 4 реони. Подрачјето го вклучувало градот Скопје и селата Горно Водно, Долно Водно, Горно Лисиче и Маџари (Горно Лисиче и Маџари биле посебни месни народни одбори).

Градови вон околиите (засебни единици)
  • Битола
  • Куманово
  • Охрид
  • Прилеп (заедно со селата Селце, Варош и Дабница)
  • Струмица
  • Тетово (заедно со селото Лавце)
  • Титов Велес (заедно со селото Ново Село)
  • Штип (заедно со селото Ново Село)
Околии и народни одбори

1952 - 1955 уреди

Во периодот од 1952 до 1955 година Народна Република Македонија имала повеќестепена административна поделба. Републиката била поделена на околии, потоа на градови, градски општини и општини.

Скопје

Покрај своето потесно градско подрачје, град Скопје ги опфаќа и селата Горно Водно, Маџари и Трубарево.

Градски општини
  • Битолска градска општина (град Битола)
  • Гевгелиска градска општина (град Гевгелија и селата Горничет, Конско, Моин, Мрзенци и Ума)
  • Валандово градска општина (град Валандово и селата Балинци, Брајковци, Грчиште, Марвинци, Пирава, Раброво и Чештово)
  • Гостиварска градска општина (град Гостивар)
  • Дебарска градска општина (град Дебар и селата Аме, Баниште, Бомово, Елевци, Коњари, Кривци, Рајчица, Селокуќи и Спас)
  • Кичевска градска општина (град Кичево)
  • Кочанска градска општина (град Кочани)
  • Кривопаланечка градска општина (град Крива Паланка и селата Б’с, Варовиште, Дренак, Дрење, Дурачка Река, Киселица, Конопница, Кошари, Лозаново, Мартиница и Станци)
  • Кратовска градска општина (град Кратово и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Кавран, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово)
  • Кумановска градска општина (град Куманово и село Проевце)
  • Беровска градска општина (град Берово и селата Двориште, Ратево и Смојмирово)
  • Делчевска градска општина (град Делчево и селата Бигла, Ветрен, Габрово, Град, Ѕвегор, Очипеле, Полето, Стамер, Турија, Чифлик и Шопје)
  • Пехчевска градска општина (град Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Негрево, Робово, Умлени, Црник и Чифлик)
  • Светиниколска градска општина (град Свети Николе и селата Кнеже, Нова Мездра и Стара Мездра)
  • Штипска градска општина (град Штип и селата Долани и Ново Село)
  • Охридска градска општина (град Охрид)
  • Струшка градска општина (град Струга)
  • Ресенска градска општина (град Ресен)
  • Крушевска градска општина (град Крушево и селата Бирино и Острилци)
  • Прилепска градска општина (град Прилеп и селата Варош, Дабница, Селце и Присад)
  • Ѓорчепетровска градска општина (град Ѓорче Петров и селата Бардовци, Влае, Горно Нерези, Долно Нерези, Злокуќани, Крушопек, Ново Село и Оризари)
  • Радовишка градска општина (град Радовиш и селата Аликоч, Козбунар, Коџалија, Парналија, Раклин, Супурге и Шипковица)
  • Струмичка градска општина (град Струмица и селата Баница, Водоча и Градско Балдовци)
  • Тетовска градска општина (град Тетово и селата Лавце и Фалише)
  • Кавадарска градска општина (град Кавадарци и селата Ваташа, Глишиќ, Марена и Сопот)
  • Неготинска градска општина (град Неготино и селата Дуброво, Курија и Тимјаник)
  • Титоввелешка градска општина (град Титов Велес и селата Башино Село, Горно Оризари, Ново Село и Чалошево)
Општини

1955 - 1957 уреди

Во периодот од 1955 до 1957 година Народна Република Македонија, односно Социјалистичка Република Македонија, имала првостепена и второстепена административна поделба. Првостепената административна поделба била составена од околиите, кои биле вкипно седум, а второстепената административна поделна биле општините кои биле 86 на број. Дел од овие општини го формирале градот Скопје, кој имал посебен административен статус.

1957 - 1965 уреди

 
Карта на околиите во СР Македонија.

Во периодот од 1957 до 1965 година Народна Република Македонија, односно Социјалистичка Република Македонија, имала првостепена и второстепена административна поделба. Првостепената административна поделба била составена од околиите, кои биле вкипно седум, а второстепената административна поделна биле општините кои биле вкупно 73, т.е. 61 на број според подоцнежното укинување на 12 општини. Дел од овие општини го формирале градот Скопје, кој имал посебен административен статус.

1965 - 1996 уреди

Во 1965 година во Социјалистичка Република Македонија бил донесен нов закон со кој биле укинати околиите и како единствена административна поделба останале само општините. Тогаш биле создадени нови општини кои опстојувале до 1996 година, кога биле укинати со закон на Република Македонија. Од 1965 до 1996 година во Македонија имало 32 општини, од кои неколку го формирале градот Скопје како посебна административна единица.

1996 - 2004 уреди

Во процесот на децентрализација во Македонија, територијалната организација била една од првите и клучни фази. Во 2004 година била извршена нова територијална реорганизација, со која, во согласност со Законот за територијална организација на локалната самоуправа, бројот на општини бил утврден на 84. Со овој закон се уредува територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, се основаат општини како единици на локалната самоуправа, се утврдуваат подрачјата на општините и на градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, се утврдуваат имињата, седиштата и границите на општините, се определуваат видот и имињата на населените места, се уредува спојувањето, поделбата и промената на границите на општините и на градот Скопје, како и други прашања што се однесуваат на територијалната организација на локалната самоуправа.[2]

Административната поделба на Македонија претрпила повторно измени по локалните избори одржани во март 2013 година, кога општините Другово, Вранештица, Зајас и Осломеј престанале да постојат и биле припоени кон Општина Кичево, со седиште во градот Кичево, со што бројот на општини од 84 се намалил на 80. Од вкупниот број на општини, согласно новата територијална поделба, 10 општини се здружени и го формираат Град Скопје, кој има посебен статус. Понатаму, со овој закон, општините се класирани како „рурални општини“ и „урбани општини“. Најпосле, согласно Законот за рамномерен регионален развој, сите општини се опфатени во осум региони кои имаат само административна улога, т.е. се формирани само за статистички цели:

  • Регионот околу Скопје
  • Пелагонија
  • Полог
  • Источен
  • Југоисточен
  • Североисточен
  • Југозападен и
  • Вардарски Регион

Најголема општина во Македонија, мерено според бројот на населението, е Куманово, со околу 103.205 жители, додека најмала општина е Вевчани, со околу 2.433 жители. Според територијата, најголема општина е Прилеп, со 1.198 км2, а најмала општина повторно е Вевчани со 23 км2. Од скопските општини, најголем број жители има општина Гази Баба (околу 72.222), а најмалку жители има општината Шуто Оризари (околу 17.357 жители), додека според територијата, најголема е општината Сарај, со 229 км2, а најмала општина е Чаир со 3,5 км2.[3]

Етно-демографски импликации на територијалната организација од 2004 година уреди

Новата територијална организација на Република Македонија предизвика голем број на контроверзи и поделби во македонската јавност. Голем дел од Македонците, а и помал дел од албанското население сметаше дека со новата територијална организација се врши нарушување на етничката рамнотежа во Република Македонија. Во противници на предложената територијалната поделба вклучуваа се вброија повеќе опозициони партии, како и некои познати интелектуалци кои сметаа дека целиот процес на подготовка на новата територијална поделба се извршил крајно нетранспарентно, спротивно од волјата на граѓаните и дека е конципиран да направи етничка поделба помеѓу македонски и албански "територии". Некои од фактите и мислењата кои тие ги наведуваа се следните:

  1. Општина Гостивар која според старaта поделба (до 2004) имаше 26,54% Македонци, со припојување на општините Вруток, Долна Бањица, Чегране и Србиново се намали бројот на Македонците на 19,77%,.
  2. Општина Тетово според старата поделба имаше 28,17% Македонци, со припојување на општините Џепчиште и Шипковица нивниот број се намали на 23,16%, со тенденција да опадне под 20% поради високиот наталитет и константното доселување на Албанци од Косово, а со тоа Македонците да се најдат во иста ситуација како во Гостивар.
  3. Општина Струга имаше 47,94% Македонци и тие беа најбројни во општината, и со припојување на општините Велешта,Делогожди,Лабуништа и Луково бројот на Македонците опадна на 32,09%,а на Албанците се зголеми од 41,54% на 56,86%.
  4. На руралната Општина Чашка во Велешко (регионот Азот) покрај општините Богомила и Извор и се придадоа и селата Горно и Долно Јаболчиште (од Општина Велес) населени исклучиво со Албанци па така бројот на Албанците од само 7,47% скокна на 33,06% и со тоа ова историски-важно македонско подрачје станува двојазично со тенденција, поради големиот наталитет во албанските села, а нискиот во македонските оваа општина за некое време да стане мнозинско албанска.
  5. На Општина Долнени која се наоѓа во северниот дел на Пелагонија (Прилепското Поле) и се придодаде општината Житоше па бројот на Македонци се намали од 41,79% на 36,57%,а бројот на Албанците и Бошњаците се зголеми (од 21,22% на 26,37% на Албанците и од 14,10% на 17,36% на Бошњаците) со што Долнени стана предоминантно муслиманска општина.
  6. Со припојувањето на општините Сарај и Кондово на Градот Скопје бројот на Албанците се зголеми од 15,30% на преку 20% со што главниот град на Република Македонија стана двојазичен. На Скопје му се придадоа уште 229 км квадратни и голем број села кои (некои немаат ни канализација ни телефонска мрежа) кои се оддалечени и повеќе од 20 км од него.
  7. Во 2013, по локалните избори на 24 март, општините Другово, Вранештица, Зајас и Осломеј престанале да постојат и биле припоени кон Општина Кичево, со седиште во градот Кичево. Етничката слика и тука се изменила (види Општина Кичево).

Поддржувачите на новата територијална организација, кои ги опфаќаа владејачките партии, како и некои невладини организации сметаа дека со оваа поделба се исполнуваат обврските од Рамковниот Договор, а исто така се овозможува поголема независност на општините, односно фискална и физичка децентрализација, која би била невозможна доколку би постоеле микро-општини како во претходната организација.

Силниот отпор од страна на противниците на новата поделба резултираше со организирање на референдум. На референдумот мнозинството се искажа против новата територијална поделба, но не беше постигнат потребниот процент од 51% учество на вкупното население. Незадоволството од овие промени е значително во македонската јавност.

Наводи уреди

  1. Адресар на општините во Република Македонија[мртва врска]
  2. Закон за територијална организација на локалната самоуправа, Службен весник на РМ бр. 55/2004.
  3. Државен завод за статистика, „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија“, Скопје, 2002.

Законодавство уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди