Адам Смит (анг: Adam Smith; 16 јуни 1723 - 17 јули 1790) — британски политички економист и филозоф. Автор е на влијателното дело Богатството на народите: Иследување на неговата природа и причини (1776), кое е еден од првите обиди за разгледување на историското развивање на индустријата и трговијата во Европа. Овој труд е особено важен за економијата како наука и е една од најизвестните прегледи во поткрепа на слободната трговија, капитализмот и либерализмот. Адам Смит е еден од најзначајните претставници на англиската класична политичка економија.

Адам Смит

Животопис уреди

На околу 14-годишна возраст се запишал во универзитет. Учeл филозофија најпрвин во Глазгов, потоа на Оксфордскиот универзитет (1740-1746). Големо влијание врз кариерата на Адам Смит имаат Френсис Хатчесен (1694-1746) и Дејвид Хјум (1711-1776). При враќањето во Шкотска во текот на 1751 бил назначен за раководител на катедрата „Логика“ на Глазговскиот универзитет. Во 1752 ја добил и катедрата „Морална филозофија“ и така станал приемник на Хатчесен. Лекциите му опфаќале теми од етиката, реториката, правната наука и политичката економија.

Дело уреди

 
Inquiry into the nature and causes of the wealth of nations, 1922

Првата книга на Смит, која му донела известност, е Теорија на моралните чувства (1759). Смит оваа книга ја смета за свој основен труд, за кое последните години од неговиот живот ги посветува повторно на овој труд.

Во 1764 го напуштил Глазговскиот Универзитет и станал педагог на младиот херцеговец Баклу. Заедно со младиот благородник тој отишол да учи две години во Европа (1764-1766) односно во Франција, каде Смит се запознал со Франсоа Кене.

По враќањето си во родната Шкотска започнал со работа по Богатството на народите: Иследување на неговата природа и причини (1776). (eng: "An Inquiry Into the Nature and Causes of the Wealth of Nations").

Во 1778 година бил назначен за царинар. Умира на 17 јули 1790 година во Единбург.

Докажување уреди

За еден понудувач на пазарот да постигне успех во сопствен интерес му е на својата сопствена конкуренција да понуди нешто што тие ж ќе го сметаат како против вредно, и со кое нешто ќе му помогнат на конкурентот за создавање на други интереси.

Адам Смит е голем заговорник и поддржувач на слободната трговија како во унитарните земји така и во меѓународната трговија. Неговото дело всушност претставува напад на тогашните концепти на меркантелизмот, според кои најважна цел на еден народ во една земја е количеството на злато кое се наоѓа во сопствените трезори и според која државата е должна да прави трговски биланс. Тој докажал дека таквиот концепт доведува до преоптерување на економската стабилност на една земја.

Адам Смит ја негира секоја задача и улога на државата. Тој верува дека една држава би можела да донесе голема корист за една држава за развој на нејзината економија доколку ги работи “стварните“ проблеми на таа држава, како што се заштита на договорните дела и патентите, државно образование за сиромашните и создавање на што е можно повеќе инфраструктурни проекти( патишта, мостови, тунели и сл).