Антонио Агостињо Нето (17 септември 1922 - Москва, 10 септември 1979) — анголски политичар, поет и публицист, еден од најистакнатите водачи на анголскиот народ во борбата против португалските колонизатори.

Од 1962 година Агостињо Нето е претседател на Народното движење за ослободување на Ангола, а од прогласувањето на независноста во 1975 година претседател на Народна Република Ангола и врховен командант на вооружените сили[1].

Наводи уреди

  1. Tvedten, Inge (1997). Angola: Struggle for Peace and Reconstruction. стр. 29–30.