Австралија (англиски: Australia) е австралиски драмафилм на Баз Лурман[3] од 2008 год. ‘Австралија’ е навистина огромен проект и сите кои работат на него велат дека било напорно, но секако се исплатило. Снимањето траело долги десет месеци, а буџетот на крај е заокружен на вртоглави 150 милиони австралиски долари. Никол Кидман и Хју Џекмен ги прифатија улогите без да го видат сценариото, и всушност заблагодарувајќи и се на Кидман, која откако дознала дека Лурман го режира филмот, го наговорила Џекмен да биде дел од екипата. Главната машка улога на почетокот ја играше Расел Кроу, но се откажа откако продукцијата драстично му ја намалил платата за да заштедат на буџетот.

„Австралија
Australia
Официјален постер
РежисерБаз Лурман
ПродуцентБаз Лурман
СценаристБаз Лурман (приказна)
Главни улогиНикол Кидман
Хју Џекмен
Дејвид Венам
Џек Томпсон
Жанрдрама
МузикаДејвид Хирфшилдер
Дистрибутер20th Century Fox
Премиера26 ноември 2008
Времетраење166 мин.
Земја
  • Австралија
  • Обединето Кралство
  • САД[1]
Јазиканглиски
Буџет130 мил. долари[2]
Бруто заработка$205,543,098
Баз Лурман

Синопсис уреди

 
Таблата со знаци Australia

[[File:Desaturated blues and greens.jpg|thumb|An Empire критичарот позитивно ја оцени шема на бои, што академик Илеана Џитару идентификуваше дека вклучува незаситени сиви, сини и зелени]

Лејди Сара Ешли е англиска аристократка која живее во несреќен брак без љубов и потомство. Го поминала животот во потрага за совршенство, па со текот на времето се претворила во нешто што никогаш не би сакала да биде – ладна и бесчуствителна жена, која секој ден изгледа исто. Сепак за промена ќе и се пружи кога ќе дознае дека наследила голем дел земја од далечната и непозната Австралија и поради тоа го напушта Лондон и тргнува во авантура. Нејзиниот водич околу немилосрдното пространство на Северната Територија е Дровер, суров водич на стока, кој за разлика на своето однесување е тотално различен од префинетоста на Сара. Нивната вистинска меѓусебна нетрпеливост ќе наруши една трагедија, после која Сара мора да се грижи за едно шармантно сираче Нола. Пола Абориџин, пола белец, Нола ќе се најде во друштво кое го третира како аутсајдер. Истовремено, земјиштето кое Сара го наследила, ранчот Faraway Downs, се наоѓа на работ на пропаста, а злобниот управител Неил Флечер планира со кралот на сточарите Карни да ја забрза неговата пропаст и да го преземе земјиштето. Како би го спасила земјиштето, Сара мора да се здружи со Дровер и да префрли илјада и петстотини грло стока преку прекрасната, но злобната, австралиска пустелија. Сето тоа ја тера Сара да се претвори во жена каква што отсекогаш сакала да биде, додека нејзиниот несакан однос со Дровер расти во длабоко почитување и доживување, а потоа и љубов.

Глумечка екипа уреди

Глумци Ликови
Никол Кидман Лејди Сара Ешли
Хју Џекмен Дровер
Дејвид Венам Неил Флечер
Џек Томпсон Флин
Брајан Браун Лесли Кинг Карни
Брендон Волтерс Нола

Филмски критики уреди

Критиките како и секогаш се поделени. Мрежното место Rotten Tomatoes оваа романтична драма ја оцени со 52%, а оштото мислење гласи дека нејзината совршена продукција и атмосфера ја расипуваат преедноставните ликови и недостатокот од оригиналност. И додека некои, како Houston Chroniclea во ‘Австралија’ гледаат совршенство: ‘Филмот содржи се што е потребно – комедија и трагедија, акција и драма. Потполно квалитетен филм кој многу брзо ќе ја заинтересира и воодушеви својата публика’, а други пак како на пр. USA Today велат вака: „Режисерот едноставно премногу се трудел да направи филм со епски пропорции. Наместо тоа добивме исфорсирана мелодрама која пред сè е досадна.

Наводи уреди

  1. „Australia (2008)“. British Film Institute. Архивирано од изворникот на 31 May 2016. Посетено на 10 October 2022.
  2. „Australia (2008)“. Box Office Mojo. Посетено на 21 December 2023.
  3. Michaela Boland (28 August 2008). „Nicole Kidman's 'Australia' Pushed Back“. Variety. Архивирано од изворникот 30 August 2008. Посетено на 29 August 2008.

Надворешни врски уреди