Абу Симбел (арапски أبو سنبل или أبو سمبل) е археолошко наоѓалиште составена од два храма изградени од Рамзес II со песочни камени фигури пред главниот храм во Абу Симбел, во близина на Асуан, Египет, во 13 век пр. н.е. Областа, која во древни времиња се наоѓала на јужната граница со фараонскиот Египет, лежи во близина на денешната граница со Судан. Храмовите не биле познатии за надворешниот свет сѐ до нивното повторно откривање во 1813 година.[1]

Нубиски монументи Абу Симбел до Филе
светско наследство на УНЕСКО
КритериумКултурно: I, III, VI
Навод88
Запис1979 (3-то заседание)
Египет: Местоположбата на Абу Симбел (долу).

Пред најголемиот храм е поставена фигура на Рамзес висока 20 метри, а помалата е во чест на кралицата Нефертари. Кога на местото му се заканила поплава поради резервоарот што се направил кога била изградена Асуанската високо брана во шеесеттите години на XX век, еден меѓународен тим ги демонтирал двата храма и ги реконструирал 60 m над речното корито.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Бунтевска, 2005

Извори уреди

  • БУНТЕВСКА, СУЗАНА (2005). ЕНЦИКЛОПЕДИЈА Британика: A-Б (македонски превод) (Скопје:Топер). ISBN 9989-165-06-8