Џорџ Тимоти Клуни (англиски: George Timothy Clooney; р. 6 мај 1961) — американски глумец и режисер, познат по улогата на д-р Дог Рос во серијата „Итно замрзнување“.

Џорџ Клуни
Клуни на венецикиот филмски фестивал во 2009 г.
Роден(а)Џорџ Тимоти Клуни
Занимањеглумец, режисер, продуцент, сценарист
Активен1978–сегашност
СопружникТалиа Балсам (1989-1993)

Животопис уреди

Клуни е роден на 6 мај 1961 година, во градот Лексингтон, во американската државата Кентаки. Татко му, Ник Клуни, бил познат американски телевизиски водител. Исто така, тој е вник на познатата американска пејачка Розмари Клуни. Џорџ Клуни се насочил кон глумецската кариера откако не успеал да се квалификува за место во безбол тимот „Синсинати редс“.

Клуни е висок 1,80 м и со години е високо рангиран на скалилата за најубав или најелегантно облечен маж на годината.

Клуни стапил во брак на 15 декември 1989 година, со глумицата Талин Болсам. По нивната тешка разделба, тој изјавил дека ќе остане вечен ерген, па дури се обложил на износ од 10.000 долари со глумиците Мишел Фајфер и Никол Кидман, дека нема да се ожени повторно до 40-тиот роденден. Кога тоа не се случило, тие го обновиле облогот, но на двојно зголемен износ.

Сепак, Клуни се оженил со глумицата Амал. Со цел да останат надвор од очите на јавноста, Клуни купил две вили („Олеандра“ и „Маргарита“) на езерото Комо во Италија.[1]

Избрана филмографија уреди

Режисерска филмографија уреди

  • Признание на еден опасен ум - 2002
  • Добра ноќ и среќно - 2005

Надворешни врски уреди

 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:


  1. „Луѓе“, Утрински весник, година XVI, број 4754, среда, 8 април 2015, број, стр. 28.