Џон Непер од Мерчистон (анг. John Napier of Merchiston, 15504 април 1617), наречен Чудесниот Мерчистон (Marvellous Merchiston) — шкотски математичар, физичар, астроном/астролог и Осми Лерд од Мерчистон. Најпознат е по изумувањето на логаритмите и Неперовите коски, како и заживувањето на употребата на децималната запирка. Неговото родно место, Мерчистонскиот замок, Единбург денес е дел од Неперовиот универзитет. Починал од костобол и бил погребан во црквата Св. Кутберт, Единбург.

Џон Непер
Портрет на Џон Непер
Роден(а)1550
Мерчистонски замок, Единбург
Починал(а)4 април 1617 (на 66–67 г.)
Единбург
Државјанство Кралство Шкотска
НационалностШкот
Полињаматематичар
ОбразованиеСент Ендрјуз
Познат пологаритми
Неперови коски
децимална запирка
Влијание одХенри Бригс

Напредоци во математиката уреди

Непер е малку познат вон математичарските и инженерските кругови, за чиј напредок тој направил многу. Со помош на логаритмите рачните пресметувања станале многу полесни и побрзи, и така тие го трасирале патот за многу други пронајдоци и напредци. Неговото дело, Mirifici Logarithmorum Canonis Descriptio, има 37 страници објасненија и 90 страници со таблици (логаритамски таблици), со чија помош астрономијата, динамиката, физиката и астрологијата продолжиле да се развиваат. Изумител е и на направата за множење наречена Неперови коски.

Теологија уреди

Непер ги употребил своите математички способности во теологијата, каде со помош на Откровението ја предвидувал Апокалипсата. Според неговото мислење, крајот на светот требал да дојде во 1688 или 1700. Некаде среќаваме и тврдења дека Непер бил и некромант; меѓутоа знаеме дека во тоа време ваквите неосновани обвиненија брз научно талентирани лица биле честа појава.

Почести уреди

По Непер се именувани повеќе нешта, како на пример единицата непер, која е алтернатива на децибелот во електроинженерството, Неперовиот универзитет во Единбург, кратерот Непер на Месечината[1], како и еден астероид во 1992 - 7096 Непер.

Дела уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Непер - Билтен на планетарната номенклатура – УСГС Астрогеологија (англиски)