Џон Таунер Вилијамс (англиски: John Towner Williams, роден на 8 февруари 1932 година) е американски музички композитор, диригент и пијанист. Во неговата кариера која трае шест децении има напишано музика за многу познати филмови. Неговата филмска музика е помеѓу најдобрата во холивудската историја. Тој ја напишал музиката за познатите филмски серијали: Војна на ѕвездите, Супермен, Сам дома, за првите три филмови за Хари Потер и за сите освен два филмови на Стивен Спилберг вклучувајќи ги филмовите Индијана Џонс, Шинлеровата листа, Е.Т., Паркот Јура и Ајкула. Тој е и добитник на пет оскари, четири златни глобуси и седум БАФТА награди за најдобра музика.

Џон Вилијамс
Животописни податоци
Родено имеЏон Вилијамс
Роден(а)8 февруари 1932
ПотеклоЊујорк, САД
ЖанровиФилмска музика, класична музика, џез
Занимањакомпозитор, пијанист
Период на активност1952–денес

Вилијамс композирал музика за четири Олимписки игри, ја композирал главната музика за ноќните вести на NBC, како и музика за бројни телевизиски серии и концертни дела. Тој служеше како главен диригент на Бостонскиот оркестар за поп музка од 1980 до 1993, а сега е диригент на воениот оркестар.