Џозеф Брама (англиски: Joseph Bramah; 13 април 1748 - 9 декември 1814) бил англиски бравар и пронаоѓач.

Џозеф Брама
Роден(а)13 април 1748
Вентворт, Јоркшир
Починал(а)9 декември 1814(1814-12-09) (возр. 66)
Пимлико
НационалностАнгличанец
Познат поконструирањето на првата хидраулична машина за пумпање на пиво

По потекло од земјоделско семејство во Јоркшир, Брама во детството ја повредил ногата. Бидејќи не можел да работи на имотот, тој станал столарски чирак. Во 1778 година го патентирал усовршениот тоалет на вода, со вентил со шарки под тоалетната шолја, што се употребувал повеќе децении. Се оженил за Мери Лотон во 1783 година, а потоа патентирал многу сигурна брава, чии унапредени верзии и денес ги има на пазарот. Се преселил во Лондон и ја конструирал првата хидраулична машина за пумпање пиво од подрумот на гостилницата (применувајќи го Паскаловиот закон), а потоа и печатарската машина на хидрауличен погон.

Извор уреди

  • Дејвис, Адам Харт, уред. (2011). Општа наука: енциклопедија за секое семејство и дом. прев. Сашо Христовски и др. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-608-4500-27-8. (библ.)

Надворешни врски уреди