Вирџинија Елизабет „Џина“ Дејвис (21 јануари 1956) - американска глумица, продуцент, писателка и поранешен модел. Таа е добитничка на наградите „Оскар“ и „Златен Глобус“.

Џина Дејвис

Животопис уреди

Покрај глумата, Дејвис е ангажирана како борец за женските права, а во слободното време се занимава со стрелаштво.[1]

Кариера уреди

Врвот на славата, Џина дејвис го достигнала во 1980-тите, кога била позната по улогите во филмовите: Мува, Сок од бубачки, Случаен турист, Флеч и Стујарт Литл. Исто така, таа имала сопствено телевизиско шоу под наслов „Сара“. Во 1989 година, таа ја добила наградата „Оскар“ за најдобра споредна женска улога, за улогата на Мјуриел Причет во филмот „Случаен турист“. Неколку години подоцна, таа повторно била номинирана за „Оскар“, овојпат за улогата во филмот „Телма и Луис“. Подоцна, нејзината слава започнала да бледнее, а таа повеќе се ангажирала во општествени активности. Во 2014 година, Дејви се вратила на сцената, глумејќи во тв-серијата „Анатомијата на Греј“.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Џина Дејвис стана активистка за женски права, Хатон игра во телевизиски серии“, Антена, број 869, 20.2.2015, стр. 12-13.