Џејн Болејн ( 1505 - 13 февруари 1542) — англиска аристократка која живеела и била погубена во врмето на англискиот крал Хенри VIII.

Џејн Болејн
Роден1505
Починал13 февруари 1542 (на 36–37 г.)
Лондонска кула
Сопружник/циЏорџ Болејн
РодителиХенри Паркер
Алиса

Џејн била ќерка на Хенри Паркер и Алиса. Кога имала 14 години таа станала дворјанка на англиската кралица Катерина Арагонска. Во 1524 или 1525 година се омажила за Џорџ Болејн, син на Томас Болејн. Во овој брак не било родено ниту едно дете. Во 1533 година, сестрата на нејиниот сопруг, Ана Болејн, станала кралица на Англија.

Во 1536 година, таа станала вдовица, кога нејзиниот сопруг заедно со Ана Болејн биле погубени поради инцест. Џејн била испитувана од страна на Томас Кромвел, а нејзиното сведочење станало пресудно за погубувањето. Сепак, денеска не е познато дали таа навистина признала околу можната љубовна афера помеѓу Ана и Џорџ, или пак Томас Кронвол сам го додал ова при судењето.

По смртта на Ана, таа започнала да работи како придружничка на кралицата Џејн Симор. По смртта на Џејн, Хенри се оженил за Ана Клевска. Но и овој брак не траел долго, бидејќи преку договор Ана и Хенри се договориле да се разделат. Џејн Болејн повторно послужела како главен сведок. Таа изјавила дека кралот и кралицата никогаш немале сексуални односи, по кое бракот им бил поништен.

Џејн Болејн продолжила да служи и на наредната кралица, Катерина Хауард, која била роднина на нејзниот сопруг. Таа имала големо влијание врз младата и неискусна Катерина. Таа ги организирала нејзините забави, каде на крај кралицата била откриена во нејзините неверства кон кралот. Поради ова, таа заедно со кралицата биле затворени во Лондонската кула.

Џејн под психолошки притисок го изгубила својот разум во затворот, кое изначувало дека на неа нема да може да и биде судено. Но по ова, набргу бил пропишан нов закон за ментално болните луѓе, па на 13 февруари 1542 година таа заедно со кралицата биле погубени.