Џеси Сарџент

новозеландски велосипедист

Џеси Сарџент (англиски: Jesse Sergent; р. 8 јули 1988 во Филдинг) — поранешен новозеландски професионален велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата АГ2Р Ситроен Тим.

Џеси Сарџент
Сарџент на Три дена Западна Фландрија 2011
Лични податоци
Цело имеЏеси Сарџент
ПрекарГус
Роден8 јули 1988(1988-07-08)(35 г.)
Филдинг, Нов Зеланд Нов Зеланд
Висина1,88 м
Маса79 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски и велодромски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за хронометри
Аматерски клубови
2009–2010 Трек-Лајвстронг
Професионални клубови
2011
2012–2015
2016
Тим РадиоШек
РадиоШек-Нисан
Аг2р-Ла Мондијал
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Три дена Западна Фландрија (2011)
Последна промена
3 јануари 2017

Кариера уреди

На Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, Сарџент го освоил бронзениот медал како дел од репрезентација на Нов Зеланд во екипниот пласман, заедно со Сем Були, Хејден Ролстон и Марк Рајан.[1]

На 10 ноември 2008 било објавено дека Сарџент потпишал со развојната екипа под 23 години на американскиот велосипедист Ленс Армстронг, Трек-Лајвстронг за 2009 и 2010. Сарџент станал практикант со Тим РадиоШек во последниот дел на сезоната 2010.[2] Потоа потпишал професионален договор за 2011 со Тим РадиоШек. Го претставувал Нов Зеланд на Комонвелтските игри 2010, одржани во Њу Делхи, Индија. Сарџент го освоил сребрениот медал во поединечен пласман и сребро во екипен пласман на велодромот.[3] Сарџент, со неколку други возачи, ѝ се придружиле на поранешната екипа Леопард Трек, за да ја создадат РадиоШек-Нисан, на почетокот на сезоната 2012.[4]

Џеси се насочил на велодромскиот велосипедизам на Летните олимписки игри 2012, каде тој и неговите сонародници Сем Боли, Марк Рајан и Весли Гу станала двојни олимписки бронзени медалисти. Арон Гејт бил единствениот возач кој се приклучил на екипата.

Сарџент во 2013 повторно возел за РадиоШек, овојпат именуван Лидл-Трек Трек. Џеси ја започнал сезоната со националното друмско првенство, каде завршил на третото место. Џеси ја започнал професионалната сезона со Тур Даун Андер.

Во 2014 година, Сарџент продолжил да вози за РадиоШек-Леопард — преименувана во Лидл-Трек. За сезоната 2014, Сарџент бил поддршка на Фабијан Канчелара. Сарџент исто така возел на поединечниот хронометар и друмската трка на Комонвелтските игри.

Сарџент бил удрен од автомобилот на неутралниот механичар во текот на Трката околу Фландрија 2015, несреќа која го исфрлила од спортот три месеци и морал да помине низ три операции. Подоцна потпишал двегодишен договор со Аг2р-Ла Мондијал на почетокот на сезоната 2016. Меѓутоа, во јули 2016 година, Сарџент се повлекол од професионалниот велосипедизам на 28 години.[5]

Достигнувања уреди

2008
  Бронзен ЛОИ Пекинг - екипна потера
2009
1. Етапа 1 (ТТТ)Трка Саутленд
3. Светско велодромско првенство - екипна потера
2010
1. Етапа 3 Трка околу Гила (ITT)
1. Пролог Велосипедски класик Каскада
Светско велодромско првенство
2. Поединечна потера
3. Екипна потера
3. Краен пласман Трка околу Олимпија
Комонвелтски игри 2010
2. Поединечна потера
2. Екипна потера
2011
1. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
1. Пролог (ITT)
1. Краен пласман Тур ду Поату Шарент
1. Етапа 4 (ITT)
1. Етапа 4 Енеко Тур (ITT)
2. Светско велодромско првенство - поединечна потера
2012
2. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
  Бронзен Олимписка екипна потера
2013
7. Краен пласман Волта ао Алгарве
2014
1. Етапа 5 Трка околу Австрија
8. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
2015
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Алберта
3. Краен пласман Три дена Западна Фландрија

Наводи уреди

  1. Бингем, Јуџин (18 август 2008). „Велосипедизам: Јас не сум готов, вели Ролстон“. The New Zealand Herald. Посетено на 18 август 2008.
  2. Ричардсон, Даниел (6 септември 2010). „Сарџент е возбуден за учеството во екипата на Армстронг“. Stuff.co.nz. Посетено на 6 октомври 2011.
  3. „Були, Сарџент тим одат со Ленс“. TVNZ. 10 ноември 2008. Посетено на 10 ноември 2008.
  4. „РадиоШек-Нисан-Трек го објави составот за 2012“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 5 декември 2011. Архивирано од изворникот на 2012-01-08. Посетено на 17 јануари 2012.
  5. „Jesse Sergent retires from cycling“. Cycling News. Future Publishing Limited. 22 јули 2016. Посетено на 22 јули 2016.

Надворешни врски уреди