Џамија Гази Хусрев Бег

Џамијата Гази Хусрев Бег (турски: Gazi Hüsrev Bey Camii) е џамија која се наоѓа во Сараево, Босна и Херцеговина. Овој објект бил изграден во 1530 година, а нејзин архитект е Акем Есир Али[1] кој исто така ја изградил џамијата Јавуз Селим во Истанбул. Нејзиното купе е високо 26 метри, а нејзиното минаре 47 метри.

Џамија Гази Хусрев Бег
Begova džamija
Gazi Hüsrev Bey Camii
Основни податоци
МестоСараево, Босна и Херцеговина
Припадностислам
Осветен1530
Архитектонски опис
Архитект(и)Ајем Есир Али
Архитектонски типџамија
Особености
Висина на куполата (надв.)26 метри
Минариња1
Висина на минарето47 метри

Во 1898 година, за време на Австроунгарското Царство, Беговата џамија, како скратено ја нарекуваат сараевчани, е прва џамија во светот во која се изработени електрични инсталации како и внатрешно електрично осветлување.

Сместена во срцето на Баш Чаршијата, Беговата џамија е мета на многубројните туристи од цел свет.

Во медиуми уреди

Беговата џамија заедно со саат-кулата е застапена во многу филмови, пред сè во филмови од документарен карактер.

Во филмот Валтер го брани Сараево, впечатлива е 10 минутната престрелка на Пилот (Бата Живоиновиќ), Сури (Слободан Димитриевиќ) и Илегалец (Давор Антолиќ) со германски воен ескадрон кој е во интензивна потрага по Валтер. Престрелката се одвива во влезните одаи, во дворот на џамијата, на саат-кулата и по покривот на џамијата.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-01-06. Посетено на 2014-08-23.