Њиреѓхаза

град во Унгарија

Њиреѓхаза (унгарски: Nyíregyháza) е седми по големина град во Унгарија. Њиреѓхаза е административен центар на округот Саболч-Сатмар-Берег.

Њиреѓхаза
Центарот на градот.
Центарот на градот.
Знаме на ЊиреѓхазаГрб на Њиреѓхаза
Њиреѓхаза is located in Унгарија
Њиреѓхаза
Њиреѓхаза
Координати: 47°57′11″N 21°43′38″E / 47.95306° СГШ; 21.72713° ИГД / 47.95306; 21.72713
Држава Унгарија
ОкругСаболч-Сатмар-Берег
Површина
 • Вкупна274,46 км2 (10,597 ми2)
Население (2001)
 • Вкупно116.899
 • Густина425,92/км2 (110,310/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код4400
Повик. бр.42

Градот има население од 116.874 луѓе според потадоците од 2008 година.

Име уреди

Името на градот води потекло од унгарските зборови Nyír (во превод бреза) и ház (во превод куќа).

Географија уреди

Градот се наоѓа во североисточниот дел на унгарската држава. Од престолнината на државата Будимпешта градот е оддалечен 220 километри источно. Со Будимпешта е поврзан со добри сообраќајни врски (магистралната пруга Будимпешта - граница со Украина, современиот автопат М3).

Њиреѓхаза се наоѓа во североисточниот дел на Панонската низина и нема река. Климата во градот е умерено континентална.

Историја уреди

По доаѓањето на Унгарците во Панонија на местото на денешниот град била формирана селска населба. Во 1209 година за првпат се споменува под денешното име Њиреѓхаза. За време на доцниот среден век овде постоела мала населба, које је у време турске управе над овим крајевима било расељено.

Кон крајот на 17 век, овој дел на Панонија се ослободува од отоманската власт и Њиреѓхаза повторно се јавува како населба. Градот во XVIII век брзо се развива и станува важно културно и управно средиште на областа.

После револуцијата од 1848/1849 градот почнал многу брзо да се развива и во 1858 година добил железничка врска со Будимпешта. Исто така во ова време биле подигнати и голем дел од градбите, а исто така се зголемил и бројот на населението.

После Првата светска војна Њиреѓхаза бил првиот град којшто потпаднал во рацете на романската војска (1919 год.), а после враќањето во новооснованата унгарска република градот се нашол во зафрлениот дел од зејмата, што го успорило развојот на градот. Нов бран на настани се случил за време на Втората светска војна кога Њиреѓхаза доста настрадал. За време на втората половина на истиот век (20 век) градот повторно доживеал развој и се зголемил бројот на населението (од 55 илјади после војната на 120 илјади во почетокот на 90-тите години). Во последните години, време на транзиција, поради неповолната положба, градот доживеал подлабока криза од колку другите градови во државата.

Население уреди

Њиреѓхаза денеска има околу 116 илјади луѓе и е седми град по големина во државата. Градот во последните години расте, благодарејќи на зголемување на економијата, на се поважната врска Будимпешта - Украина.

Најголем број од луѓето кои живеат во градот се етнички Унгарци. По вероисповед поголем дел од нив се протестанти - калвинисти.

Галерија уреди

Надворешни врски уреди