Јужна Африка (регион)

Јужна Африка е регион кој ги опфаќа: Јужноафриканската република, Намибија, Зимбабве, Замбија, Малави, Боцвана, Лесото, Свазиленд и Мозамбик. Во овој регион, некои подрачја достигнале извонредно висок степен на развој, а други, пак, се потполно заостанати. Јужна Африка зазема околу 14% од вкупната површина на Африка. Најголем дел од Јужна Африка се наоѓа помеѓу тропскиот и суптропскиот дел на Африка, на јужната полутопка.

Карта на Јужна Африка.
Карта на Јужна Африка според ООН.

Географска положба и релјеф уреди

Јужна Африка се простира јужно од реките Кунене, Окаванго и Замбези. Претставува висорамнина на околу 1 200 м.н.в. Заобиколена е со високи приморски планини, кои стрмно се спуштаат кон морето. Во средишните и во западните делови на Јужна Африка се наоѓаат полупустини и пустини, како што се Калахари и Намибиската Пустина. Во Јужна Африка се среќаваат повеќе климатски типови: тропски во посеверните делови, умерено-континентален на висорамнините, супторпски покрај бреговите на океаните и пустински во пустините.

Држави уреди

Во Јужна Африка се наоѓаат државите: Мозамбик, Мадагаскар, Малави, Замбија, Зимбабве, Боцвана, Намибија, Јужноафриканската Република, Лесото и Свазиленд.

Држава Главен град Површина(км2) Население (ООН, 2009)
Боцвана Габороне 581 726 1 950 000
Замбија Лусака 752 614 12 935 000
ЈАР Кејптаун/Преторија 1 221 037 49 320 500
Лесото Масеру 30 355 2 067 000
Мадагаскар Антонанариво 587 041 19 625 000
Малави Лилонгве 118 484 15 263 000
Мозамбик Мапуто 801 590 22 894 000
Намибија Виндхук 825 418 2 171 000
Свазиленд Мбабане 17 364 1 185 000
Зимбабве Хараре 390 757 12 523 000

Население уреди

од прегледот на државите се гледа дека Јужноафриканската Република е најголема и по површина и по број на жители. Во Јужна Африка живеат Бушмани, Хотентоти, Банту-црмци и доселеници од Европа и од Азија.

Стопанство уреди

Населението, главно, се занимава со земјоделство и со сточарство. Од земјоделските култури најмногу се одгледуваат: шеќерна трска, кафе, чај, тутун, лимони, портокали, банани, ананас, пченица и пченка. Во сточарството најразвиени се овци, кози и говеда. Јужна Африка е богата со руди - злато, платина, дијаманти, бакар, уран, сребро, никел и др. Поради тоа, стопански е најразвиена регија во Африка. Со својот стопански развој особено се истакнува Јужноафриканската Република.