Јоргос Караџаферис

Јоргос Караџаферис (грчки: Γεώργιος Καρατζαφέρης; 11 август 1947 година во Атина) е грчки политичар, член на Грчкиот парламент и претседател на десничарскиот Народен православен собир или ЛАОС.

Јоргос Караџаферис
Γεώργιος Καρατζαφέρης


Пратеник
Член на Европскиот Парламент
На должноста
13 јуни 2004 – 25 септември 2007
Член на Грчкиот парламент
На должноста
10 октомври 1993 – 7 март 2004
На должноста
Стапил
17 септември 2007
Лични податоци
Роден(а) 11 август 1947(1947-08-11)(76 г.)
Атина, Грција
Партија Народен православен собир
Професија новинар, политичар
Портал karatzaferis.gr

Претходно, Караџаферис, бил пратеник но од либерално-конзервативната партија Нова демократија, од која тој бил протеран во 2000 година поради неговите екстремни и често расистички ставови. Тој е поранешен член на Европскиот парламент и поранешен потпретседател на европската парламентарна група Независност. Неговите ставови и ставовите на неговата партија, изборните кампањи, често се емитуваат и промовираат од страна на релативно малиот приватен грчки телевизиски канал TeleAsty (поранешен Telecity), кој го основал и го поседува.