Јериховер Ланд (германски: Jerichower Land) — округ во североисточниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи се (од југ надесно) Анхалт-Битерфелд, Залцланд, слободниот округ Магдебург, Берде, Штендал и окрузите Хафеланд и Потсдам-Мителмарк во Бранденбург.

Јерихов
Jerichower Land

округ
Знаме на Јерихов Jerichower LandГрб на Јерихов Jerichower Land
Карта
Земја Германија
ПокраинаСаксонија-Анхалт
СедиштеБург
Површина
 • Вкупна1,336,63 км2 (516,08 ми2)
Население (31 декември 2020)[1]
 • Вкупно89.403
 • Густина67/км2 (170/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.JL, BRG, GNT
Мреж. местоwww.lkjl.de

Историја уреди

Во 1816, површината на округот станала дел од пруската Провинција Саксонија и била поделена административна во три окрузи, Јерихов I, Јерихов II и Цизар. Округот Цизар бил додаден на Јерихов I во 1826.

По Втората светска воја, окрузите биле изменети. Некои површини на двата окрузи биле додадени на соседните окрузи Хафелберг, Ратенов, Бранденбург, Лобург и Цербст. Двата окрузи биле исто така преименувани по нивните административни седишта, така Јерихов I станал Округ Бург, а Јерихов II станал Округ Гентин. Во 1952, округот Бург бил поделен на два дела. Меѓутоа, во 1957, округот Лобург бил споен со округот Бург.

Во 1994, двата окрузи Бург и Гентин биле споени и го прифатиле историското име Јерихов. Во 2007, 6 општини од поранешниот округ Анхалт-Цербст (Хобек, Лобург, Либс, Предел, Розијан и Швајниц) биле додадени на округот Јерихов.

Името на округот потекнува од градот Јерихов, име кое се поврзува со раното доселување на словенските племиња. Не е поврзано со името на градот Ерихон (герм. Jericho) на Блискиот Исток.

Географија уреди

Главни водотеци во округот се реките Елба, Еле, Иле и Нуте, како и каналот Елба-Хафел.

Грб уреди

Вертикалните линии во левата половина на грбот го симболизираат Каналот Елба-Хафел, додека жеравот во десната половина ја симболизира природата на округот. Жеравите се чести птици во округот.

Градови и општини уреди

Округот Јерихов се состои од следниве административни единици:[2]

Градови Слободни општини
  1. Бург (Магдебург)
  2. Гентин
  3. Гомерн
  4. Јерихов
  5. Мекерн
  1. Бидериц
  2. Елба-Парај
  3. Мезер

Наводи уреди

  1. „Население по општини на 31 декември 2020 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2021. (германски)
  2. „Статистичко биро на Саксонија-Анхалт“. Архивирано од изворникот на 2017-05-15. Посетено на 2011-12-03.

Надворешни врски уреди

52°20′N 12°04′E / 52.333° СГШ; 12.067° ИГД / 52.333; 12.067