Јемтланд (швед. Jämtlands län) е округ (län) во средна Шведска. Ги опфаќа покраините Јемтланд и Херједален, заедно со мали делови од Хелсингланд и Онгерманланд, како и незначително ситни ненаселени делчиња од Лапонија и Даларна. Округот зафаќа 49.443 км2 или 12% од територијата на Шведска и е трет по големина во земјата. Административен центар е градот Естерсунд, кајшто е сместен окружниот одбор. На чело на одборот стои управник. Округот Јемтланд се граничи со окрузите Даларна, Јевлеборг, Вестернорланд и Вестерботен во Шведска и норвешките окрузи Северен Тренделаг и Јужен Тренделаг.

Јемтланд
Jämtlands län
Округ
Грб на ЈемтландЛого на Јемтланд
 
ЗемјаШведска
Админ. центарЕстерсунд
Управа
 • УправникБрит Болин Олсон
 • СоветОкружен совет на Јемтланд
Површина
 • Вкупна49.444 км2 (19,090 ми2)
Население (31 март 2011)[1]
 • Вкупно126.573
 • Густина2,6/км2 (6,6/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
БДП (ном.)27.628 милиони круни (2004)
БДП/жит215.000 круни
NUTSSE322

Јемтланд е формиран во 1810. Првично ги опфаќал само покраините Јемтланд и Херједален, поради што штитот (грбот) ги комбинира само грбовите на тие две покраини.

Покраина уреди

Округот Јемтланд главно се состои од покраините Јемтланд и Херједален, со мали делови од Хелсингланд и Онгерманланд и мали ненаселени делчиња од Лапонија и Даларна.

Управа уреди

Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник. Јемтланд има и окружен совет (Jämtlands Läns Landsting).

Демографија уреди

Округот е ретко населен, со тоа што над една третина од населението е селско. Со тоа Јемтланд е второ по големина рурално подрачје во Шведска, веднаш по Готланд. Останатите две третини од луѓето живеат во густо населеното подрачје околу езерото Стуршен наречено „Стуршебигден“ (Storsjöbygden).

Општини уреди

 
Општини во Јемтланд

Наводи уреди

  1. „Квартал 1 2011“. Централна статистичка служба. (шведски)

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

63°16′59″N 14°14′18″E / 63.283062° СГШ; 14.238281° ИГД / 63.283062; 14.238281