Примери
Јас сум ученик.

Јас е лична заменка за прво лице еднина во македонскиот јазик. Оваа лична заменка се користи да се означиме себеси.[1]

Лични заменки уреди

Личната заменка „јас“ се користи како подмет во реченицата, односно да се означи лицето кое го врши дејството и лицето за кого се однесува нешто. Останатите форми за прво лице може да се видат во следнава табела, која патем ги наведува сите заменки во македонскиот јазик:

Лични заменки
број лице подмет присвојна заменка
и придавка
директен предмет индиректен предмет
без предлози со предлози
долга кратка долга кратка

присвојна

еднина I јас мој/ моја/ мое/ мои мене ме мене ми мене
II ти твој/ твоја/ твое/ твои тебе те тебе ти тебе
III м.р. тој негов/ негова/ негово/ негови него го нему му него
ж.р. таа нејзин/ нејзина/ нејзино/ нејзини неа ја нејзе ѝ неа
с.р. тоа негов/ негова/ негово/ негови него го нему му него
множина I ние наш/ наша/ наше/ наши нас нè нам ни нас
II вие ваш/ ваша/ ваше/ ваши вас ве вам ви вас
III тие нивен/ нивна/ нивно/ нивни нив ги ним им нив


Потекло уреди

Македонската лична заменка „јас“ потекнува од старословенската 'азъ'. Така, оваа македонска лична заменка е доста слична и со останатите заменки за прво лице на останатите словенски јазици, како: jaz на словенечки, ja на полски, лужичкосрпски, словачки, српски, хрватски, босански и црногорски, аз на бугарски, на чешки и я на руски, украински и белоруски.[2]

Како што веќе е напоменато, македонската заменка „јас“ се развила од старословенската азъ. Гласот „ј“ се развил во реченичниот санди, во позиција зад „и“ (спр. иѣзъ од Марк. ев. и ꙗзъ во преписка во Битолскиот триод од 12 в.). На крајот, „з“ преминало во „с“ по правилото на обезвучување.[3]

Употреба уреди

Во македонскиот јазик оваа заменка се користи за означување на себеси, односно прво лице еднина. Во поголем број дијалекти, како и во секојдневниот говор, личната заменка се среќава како ја, односно се изостава гласот 'с'.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Речник на македонскиот јазик: јас на makedonski.gov.mk
  2. Лични заменки во словенските јазици, на англиски.
  3. Конески, Блаже (1967), Историја на македонскиот јазик, Скопје, стр. 145