Џакомо Бароци да Вињола

(Пренасочено од Јакопо Бароци да Вињола)

Џакомо (или Јакопо) Бароци да Вињола (италијански: Giacomo (Jacopo) Barozzi da Vignola; 1 октомври 1507 - 7 јули 1573) — еден од најголемите архитекти на италијанскиот маниризам во XVI век. Неговите две големи ремек-дела се дворецот Вила Фарнезе во Капрарола и исусовската црква „Ил Џезу“ во Рим. Тројцата дејци кои преку своите пишани дела го распространиле италијанскиот ренесансен стил ширум западна Европа се Вињола, Себастијано Серлио и Андреја Паладио.

Џакомо Бароци де Вињола
Вила Фарнезе во Капрарола
Црквата „Ил Џезу“ во Рим
Петте реда — гравура од „Правила за петте архитектонски реда“

Животопис уреди

Бароци е роден во Вињола, близу Модена во регионот Емилија-Ромања.

Ја започнал кариерата како архитект во Болоња, издржувајќи се со сликање и изработка на перспективни шаблони за интарзија. За првпат допатувал во Рим во 1536 со цел да мери и скицира римски храмови, со намера да ги објави во илустрирано издание на Витрувиј. Потоа францускиот крал Франсоа I го повикал во Фонтенбло, каде Вињола престојувал од 1541 до 1543 г. Веројатно тука ги сретнал неговите сограѓани, архитектот Себастијано Серлио и сликарот Франческо Приматичо.

Откако се вратил во Италија, Вињола го изградил дворецот Палацо Боки во Болоња. Подоцна се преселил во Рим. Таму работел за папата Јулиј III и, по смртта на поглаварот, бил вработен од страна на папското семејство Фарнезе и работел со Микеланџело, кој извршил големо влијание врз неговиот стил.

Од 1564 Вињола ја продолжил работата на Микеланџело на базиликата Свети Петар, и ги конструирал двете споредни куполи во согласност со плановите на Мијеланџело.

Вињола починал во Рим во 1573. Во 1973 неговите останки биле пренесени во римскиот Пантеон.

Идентитетот на сопругата и децата е непознат, но се знае дека неговите потомци денес живеат во Америка под скратеното презиме Роци.

Дела уреди

Најважните дела на Вињола се:

Како и многумина други архитекти, Вињола ги поднел своите планови за довршување на фасадата на базиликата Св. Петронио.

Книги уреди

 
Le due regole della prospettiva prattica, 1682

Вињола издал две книги, со кои ги формулирал каноните на класичниот стил на архитектура: „Правила за петте архитектонски реда“ (Regole delli cinque ordini d'architettura) веројатно во Рим, 1562 како и посмртно објавената (Due regole della prospettiva pratica) „Две правила за практичната перспектива“ (Болоња 1583), во кои се фаворизира перспектива од една гледна точка, наместо од две, како бифокалната конструкција. Во нив Вињола нуди— без теоретски компликации— практични примени кои се сфатливи за потенцијалниот клиент.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди