Во клеточна биологија, јадренцето (лат. nucleolus) е топчесто телце, изградено од белковини и РНК. Бројот на јадренца во клетките е различен, но најчесто се едно до две. Во јадренцето се синтетизира рибозомалната РНК. Јадренцето е често со сферен облик, окружено со маса на хетерохроматин. Не е одвоено со мембрана од нуклеоплазмата.

Јадренцето се наоѓа во нуклеоплазмата, од која не е одвоено со мембрана.Видливо е во интерфазното јадро, а привидно настанува за време на делба.Станува воочливо на крајот од митоза(телофаза). Се образува во пределот на секундарнотро стеснување на хромозомот, па тој дел се нарекува организатот на јадренцето. Нуклеолусот почнува да се воочува во телофазната активност со строго одредени хромозоми (означени како нуклеолусни хромозоми) и тоа не на цели хромозоми туку само на нивни секундарни стеснувања.

Хемискиот состав на нуклеолусот е следен:

Порано се сметало дека во јадренцето нема ДНК сè додека со биохемијски истражувања не е докажано нејзиното присуство и тоа 7-17% во однос на вкупната маса на нуклеолусот. Белковините ги има 70-80% од тоталната сува тежина, при што хистоните сочинуваат 32% од нуклеолусните белковини. Од ензими во оваа органела докажано е присуство на АТП-азе, РНК-полимеразе и др.

Шведскиот научник Касперсон 1940. година запазил дека јадренцето учествува во синтеза на белковини, што подоцна е детално објаснето со тоа да во него се врши синтеза на рибозомалната РНК која влегува во изградбата на рибозомите (органели во кои се синтетизираат белковини).Бидејќи во јадренцето се синтетизираат делови на рибозоми, тоа е крупно во јадрото на клетката која врши интензивна синтеза на белковини. Јадрото може да содржи едно или поголем број на јадренца.

Литература уреди

  • Šerban, M, Nada: Ćelija - strukture i oblici, ZUNS, Beograd, 2001
  • Grozdanović-Radovanović, Jelena: Citologija, ZUNS, Beograd, 2000
  • Pantić, R, V: Biologija ćelije, Univerzitet u Beogradu, beograd, 1997
  • Diklić, Vukosava, Kosanović, Marija, Dukić, Smiljka, Nikoliš, Jovanka: Biologija sa humanom genetikom, Grafopan, Beograd, 2001
  • Petrović, N, Đorđe: Osnovi enzimologije, ZUNS, Beograd, 1998

Предлошка:Клетка