Јавните финансии се поле од економијата во врска со плаќањето на колективни или владини активности и со администрацијата и нацртот на тие активности полето најчесто е поделено на прашањеа кои владата или колективните организации треба да ги прават или прават и прашања од тоа како да се плати за тие активности. Поширок термин, јавна економија и потесен термин, исто така најчесто употребуван е терминот владини финансии.

Краток преглед уреди

Правилната улога на владата обезбедува почетна точка за анализата на јавните финансии. Во теорија,приватните пазари ефикасно ќе наметнат стоки и услуги меѓу поединците во смисла да не се појави отпадок и поединечните вкусови да одговараат со економските производни способности. Ако приватните пазари беа способни да обезбедат ефикасен исход и ако распределбата на исходот беа општествено прифатливи, тогаш би имало малку или воопшто би немало простор за влада, Во повеќето случаи,сепак, условите за ефикасност на приватните пазари се прекршени. На пример,ако многу луѓе може да го уживаат истиот производ во исто време (безконкурентна, безисклучителна потрошувачка), тогаш приватните пазари можат помалку да снабдуваат од тој производ. Државната одбрана е еден пример за бесконкурентна потрошувачка или за јавна стока.

„Неуспех на пазарот“ се појавува кога приватните пазари не наменуваат ефикасно стоки и услуги. Постоењето на пазарен неуспех донесува ефикасност врз основа на рационалноста за колективна или владина набавка на стоки и услуги.Надворешните,јавни стоки , информатичките предности, силните економии од размер и мрежните ефекти може да предизвикаат неуспех на пазарот. Јавните набавки преку влада или волонтерско здружение, сепак, е предмет на други неефикасности, именувани како „владин неуспех“.

Под големи претпоставки,владините одлуки за ефикасниот простор и ниво на активности може ефикасно да биде одделен од одлуките за конструкција на системот за оданочување (Дајмонд-Мирлис одделување). Од овој поглед, програмите од јавниот сектор треба да бидат конструирани да ги зголемат општествените добивки минус трошоците (трошочно-добивна анализа) и потоа приходите потребни за да се платат трошоците треба да бидат зголемени преку систем за оданочување кој ги создава неколкуте ефикасни загуби предизвикани од искривување на економската активност колку што е можно. Во пракса,буџетирање на владата или јавно буџетирање е значително повеќе комплицирано и често резултира во неефикасни пракси.

Владата може да плати за трошењето преку позајмување ( на пример,со државни обврзници), иако позајмувањето е метод на распределување на даночните оптоварувања одвреме-навреме отколку како замена за даноците. Дефицит е разликата меѓу владиното трошење и приходите. Акумулацијата на дефицити со текот на времето е вкупниот јавен долг. Дефицитните финансии им овозможуваат на владите со текот на времето да ги урамнотежат даночните оптоварувања и им даваат на владите важно средство за фискална политика. Дефицитите исто така може да ги ограничат можностите на владините следбеници.

Јавното финансирање е блиску поврзано со прашањата од распределба на приходот и општествената праведност. Владите можат да го пренасочат приходот преку преносни плаќања или преку конструирање системи за оданочување кои различно се однесуваат кон високо придофните и ниско приходните домаќинства.

Пристапот „Јавен Избор“ до јавните финансии се обидува да објасни како самозаинтересираните гласачи,политичари и бирократи всушност функционираат, а не како тие би требало да работат.

Владини издатоци уреди

Економистите ги класифицираат владините издатоци во три главни вида. Владините набавки на стоки и услуги за тековна употреба се класифицираат како владина потрошувачка. Владините набавки на стоки и услуги наменети да собираат идни придобивки- како што се инфраструктурни инвестиции или истражувачко трошење се класифицираат како владина инвестиција. Владините трошоци кои не се набавки на стоки и услуги и наместо тоа само претставуваат преноси на пари, како што се плаќања за здравстено осигурување, се наречени преноси на исплати.

Владини операции уреди

Владините операции се оние активности вклучени во управувањето со држава или функционален еквивалент на држава (како на приме, племиња,сецесионистички движења или револуционерни движења) за целите на создавање вредност за граѓаните. Владините операции имаат моќ да прават и авторитет да спроведуваат правила и закони во рамките на граќанска, колективна, религиска, академска или друга организација или група. Во нејзината најширока смисла „да владее“ значи да владее над или врши надзор, без разлика дали над држава, група на луѓе или собир од луѓе.

Распределба на приход уреди

  • Распределба на приход-Некои форми на владини издатоци се специјално наменети да се пренесе приход од некои групи до други. На пример, владите понекогаш пренесуваат приход на луѓе кои претрпеле загуба поради природна катастрофа. Исто така,јавните пензиски програми пренесуваат богатство од младите до старите. Други форми на владини трошења кои претставуваат набавка на стоки и услуги исто така го имаат ефектот на менувањето на распределбата на приходот. На пример,ангажирање во војна може да го пренесе богатството до одредени сектори општеството. Јавното образование пренесува богатство на семејствата со деца во овие училишта. Јавната изградба на патишта пренесува богатство од луѓето што ќе ги користат патиштата до тие луѓе што ги користат ( и до тие што ги градат патиштата).
  • Безбедност на приходот
  • Работничко осигурување
  • Здравствена заштита

Финансирање на владини издатоци уреди

Владиното финансирање може да се постигне преку даноци, владино позајмување, средства за продажба или приходни такси. Како владата избира да ги финансира своите активности може да има значајни ефекти врз распределбата на приходите и богатството (прераспределба на приходот) и врз ефикасноста на пазарите (ефектот на даноците врз пазарните цени и ефикасноста). Прашањето за тоа како даноците влијаат на распределбата на приходот тесно поврзана со даночната привилегија,која ја истражува распределбата на даночните оптоварувања по земањето предвид на пазарните исправки. Истражувањето на јавните финансии исто така ги анализира ефектите од разните видови на даноци и видови на позајмување како и административните проблеми, како што е даночното спроведување.

Даноци уреди

Данокот е финансиско наплаќање или друг порез воведен врз поедино или оравно лице од страна на државата или функционален еквивалент на држава (на пример,племиња,сецесионистички движења или револуционерни движења). Даноците исто така може да бидат воведени од субнационално лице. Даноците се состојат од директни даноци или индиректни даноци и може да бидат платени во пари или како бесплатен труд. Данокот може да се дефинира како „паричен товар поставен врз поединците или имотот за да се поддржи владата [...]одредена исплата од страна на законодавната власт“. Данокот „не е доброволна исплата или донација, туку спореден интерес, одредено во согласност со законодавната власт“ и „е секој придонес наметнат од страна на владата [...]дали под името патарина,данок,данок за користење на имот,закупнина,давачки,царина,царински давачки,акциза,субвенции,помош,снабдување или друго име“.

Долгови уреди

Владите,како и секое друго правно лице,може да одобруваат кредити, издаваат обврзници и да прават финансиски инвестиции. Државниот долг (исто така познат како јавен долг или национален долг) се пари (или кредит) во сопственост од страна на кое било ниво на влада или централната власт, сојузната влада,општинската влада или локалната самоуправа. Некои локални вчасти извадаат обврзници врз основа на нивната оданочувачка власт, како што се зголемените даночни обврзници или приходните обврзници.

Како што владата го претставува народот, владините долгови може да се согледаат како индиректен долг на даночните обврзници. Владиниот долг може да се категоризира како внатрешен долг,што се должи на кредиторите од државата и надворешниот долг, што се должи на странски кредитори. Владите најчесто позајмуваат преку издавање на хартии од вредност како што се државните обврзници и записи. Помалку кредитоспособните земји понекогаш позајмуваат директно од комерцијалните банки или меѓународните институции како што е Меѓународниот монетарен фонд или Светската банка.

Повеќето владини буџети се пресметани врз основа на готовината,што значи дека приходите се признаваат кога ќе се соберат и трошоците се признаваат кога ќе се платат. Некои ги сметаат сите државни обврски вклучувајќи ги и идните пензиски исплати и исплатите за стоки и услуги за кои владата има склучено договор, но уште не се исплатени, како државен долг. Овој пристап е наречен акумулациона пресметка,што значи дека обврските се признаваат кога ќе се стекнат или натрупаат, а не кога тие се платени.

Приходна такса уреди

Приходна такса е нето приходот добиен од издавањето на валута. Произлегува од разликата помеѓу номиналната предност на монетата или банкнотата и трошокот за производство, распределување и евентиално повлекување од промет. Приходната такса е важен извор на приход за некои национални банки, иако нуди многу мал дел од приходите за поразвиените индустриски земји.

Јавните финансии во социјалистичките економии уреди

Јавните финансии во централно планираните економии се разликуваат во основните начини од тие на пазарните економии. Некои претпријатија во државна сопственост создадоа профити кои помогнаа во финансирањето на владините активности. Владините лица кои работат за профит се најчесто произведствени и финансиски институции. Услугите како што е националното здравство не работат за профит за да ги задржат ниски трошоците за корисниците. Советскиот Сојуз силно се потпираше на даноцитет на промет од продажбата на мало. Продажбата на природните ресурси, а особено нафтените производи беа важен извор на приходи за Советскиот Сојуз. Во Венецуела, државната нафтена компанија ПСДВА (PSDVA)обезбедува профит за владата да ги финансира своите операции и програми кои инаку би биле профит за приватните сопственици. Во разни мешани економии, приходите создадени од државни претпријатија или препријатија во државна сопственост се користат за разни државни напори.

Белешки уреди

Наводи уреди