Ѕвезден прав (филм од 2007)

Ѕвезден прав (англиски:Stardust) е американски-британски филм од 2007 година, напишан според романот на Неил Гејмен. Филмот е од Paramount Pictures и е режиран од Метју Вон.

„Ѕвезден прав
Stardust
Промотивниот постер од филмот
РежисерМетју Вон
СценаристРоман:
Неил Гајман
Сценарио:
Џејн Голдмен
Метју Вон
РаскажувачИјан МекКилен
Главни улогиЧарли Кокс
Клер Денс
Рики Гирвејс
Руперт Еверет
Џејсон Флиминг
Дејвид Вејлиамс
Марк Стронг
Питер О‘Тул
со Мишел Фајфер
и Роберт де Ниро
Жанрдрама , романтика, фантазија
МузикаИлан Ешкери
КинематографијаБен Дејвис
ДистрибутерParamount Pictures
Премиера10 август, 2007
Времетраење128 мин.
Земја САД  Обединето Кралство
Јазиканглиски
Буџет$88,500,000

Приказна уреди

Тристан Трон е младо но сиромашно момче кое е заљубено во Викторија бесчувствителна девојка во потрага по богато момче а не по сиромашно како што е Тристан. За време на еден вечерен излет со Викторија тие здогледуваат како паѓа една ѕвезда. Тристан се заколнува дека отшто ја сака ќе го премине и светот ако треба само да и ја донесе ѕвездата. Тој оди во потрага по ѕвездата незнаејќи во каква авантура влегува. Во тој момент не е само тој кој забележува дека има падната ѕвезда. За да дојде до ѕвездата тој мора да помине покрај еден волшебен ѕид во неговото село незнаејќи дека кога ќе го помине ѕидот влегува во магична димензија каде ѕвездата е прекрасна девојка додека во вистинскиот свет само ѕвезден прав. Но не е само Тристан во потрага по ѕвездата. Злобната вештерка Ламиа и нејзините сестри бараат вечна младост и го сакаат срцето на ѕвездата, преживеаните синови на кралот исто така и итриот продавач на волшебни алатки.