Ѓоко Танески

македонски пејач

Ѓоко Танески (2 март 1977 во Охрид, СР Македонија, СФРЈ) e македонски пејач.

Ѓоко Танески
Основни податоци
Родено имеЃоко Танески
Роден(а)2 март 1977(1977-03-02)(47 г.)
Охрид, СР Македонија,
СФРЈ
ПотеклоМакедонец
Жанр(ови)Поп, Поп-Рок
Занимање/њаПејач
ИнструментиВокал
Години на активност1996 - сегашност

Животопис уреди

Ѓоко Танески е роден на 2 март 1977 година, во Охрид, каде што живее. Тој е четврто дете во семејството. Во Кавадарци завршил средно шумарско училиште. Ѓоко Танески е оженет и има две ќерки: Анастасија, родена во 2007 година, и Михаела, родена во 2011 година.[1]

Музичка кариера уреди

Своите музички почетоци, Танески ги направил во Кавадарци, кога за време на средношколските денови ја оформил својата прва група, со која настапувал на локалната сцена.[1]

Евровизија 2010 уреди

На 20 февруари 2010 година, Танески победил на македонското национално финале за избор на песна за Евровизија. Така, тој ја претставувал Македонија на фестивалот „Евровизија 2010“, одржан во Норвешка, со песната „Јас ја имам силата“.

Дискографија уреди

Албуми уреди

Песни уреди

  • „Никогаш доста“ (2008)
  • Јас ја имам силата“ (2010)
  • "Немам ниту сон" (2018)
  • "Тој што во срце те носи" (2019)
  • "Една љубов имам" (2019)
  • "Ден по ден" (2020)
  • "Ти" (2021)

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Соња Алексоска Неделковска, „Ниту се карам, ниту се тепам“, Антена, број 852, 24.20.2014, стр. 10-11.

Надворешни врски уреди